јули 13, 2020

Скопје/Охрид, 13. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во месец мај Македонија ја посетиле само 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика регистрирани се вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.

Бројот на домашните туристи во мај оваа година во однос на истиот месец лани е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 96,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 98%.

Во Охрид денес сончево време со температура до 28. степени

Во периодот јануари-мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто. Во периодот јануари-мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука