јули 14, 2020

Истанбул, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Мозаиците во Аја Софија ќе бидат покриени со завеси или со ласер додека трае молитвата, најави портпаролот на владеачката Партија на прaвдата и развојот, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган музејот го претвори во џамија, пренесува хрватски Индекс.

– Христијанските икони ќе бидат откриени и отворени за сите посетители целото останато време, а влезот ќе биде бесплатен, изјави Омар Челик.

Засега не е јасно како со ласери ќе се покриваат мозaиците.

Претседателот Ердоган во петокот ја прогласи за отворена Аја Софија за ислaмска богослужба, откако судот одлучи дека претворањето на византиската црква во музеј во 1934 година било незаконско. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука