септември 9, 2020

Охрид, 9. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Училиштата имаат рок уште денес да се пријават за настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение.

Протоколот предвидува дека организирањето на наставата во училница е можна само ако има 20 или помалку ученици. Комисијата ќе одлучи во рок од 7 дена врз основа на исполнување на критериумите и условите, а потоа ќе достави предлог до Владата за давање согласност за организирање на наставата.

Конечниот список ќе биде доставен до специјалната владина комисија до 10-ти септември, а новата учебна година ќе започне на 1 октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука