септември 12, 2020

Охрид, 12. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охрид не е најпосетувано место и тоа е неговата предност. Нема гужви и нема високи цени, а локалното население не е заситено од туристите и со задоволство ги пречекува. Охрид и езерото крај него се под заштита на УНЕСКО. Луѓето што го посетиле ова место се среќни што повторно се враќаат.

Вака српскиот интернет портал b92.net го опишува Охрид на листата на земји во кои туристите со задоволство се враќаат. Користени се податоците на британската аналитичка компанија Euromonitor International, компанијата на Mastercard Global Destination Cities и рејтингот на корисниците на Lonely Planet.

Покрај Охрид, на листата се и Бангкок – Тајланд, Виена – Австрија, Фиренца во Италија, Париз – Франција, Санторини во Грција и други.

Foto: Depositphotos /  puhhha

Според Светската туристичка организација на Обединетите нации, минатата година бројот на туристи достигна 1,4 милијарди. Критиките за популарните туристички атракции откриваат кои се местата каде патниците секогаш сакаат да се вратат и оние места каде повеќето од нив ретко се враќаат.

Луѓето станаа поактивни и поотворени кон светот, но на крајот тие честопати се незадоволни од своето патување и имаат објективни причини за тоа. (Крај)

извор: b92.net фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука