октомври 16, 2020

Охрид, 16. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Ванчо Николески“ на почетокот од оваа учебна година доби донација, парични средства од жители од Лескоец кои денес живеат во дијаспората.

-Во заеднички договор со нив, со паричните средства се обезбедија 5 таблети со потребните перформанси за следење наставата од далечина на новата национална платформа. Искажуваме голема благодарност за донацијата на пријателите од дијаспората, бидејќи со овој нивен хуман гест се подобрија условите кај некои ученици и семејства, при што се олесни ситуацијата за непречено следење на наставата онаму каде што имаше потреба, информираат од ООУ „Ванчо Николески“.

Училиштето продолжува да работи во интерес на учениците и нивните семејства, преку барање начини за дополнителни донации и решенија за сите предизвици, сѐ со цел сите ученици да бидат опфатени со квалитетна и безбедна настава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука