октомври 28, 2020

Охрид, 28. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во времето во кое живееме, среќата е нешто на што се инсистира.

Домот е местото во кое поминуваме се’ повеќе време, место во кое треба да се чувствуваме пријатно, слободно и да сме СВОИ. Токму затоа тој треба да биде во склад со нашата личност, карактер и да го носи нашиот печат.

Врвните материјали во комбинација со најпрецизните машини од најновата генерација ќе направат домот да биде повеќе од дом, туку катче каде ќе се чувствувате СВОИ, заштитени и сигурни.

Ви нудиме примери за современи домови кои ќе ви дадат инспирација и идеја, по што Ви треба само соодветен партнер за вистинска изведба на соништата…

Развој на трендовите во дизајнот на ентериерот во светот кој се менува

Пред пандемијата на COVID-19, на добриот дизајн на ентериерот се гледаше како на вистинска привилегија. Сега тоа стана неопходност. Едноставниот факт дека луѓето поминуваат многу повеќе време дома го смени светот на дизајнот. Сега голем дел од луѓето работат од дома, децата учат од дома… Ако не се смени начинот на дизајнирање на животниот простор, тој може да стане претесен, нефункционален и непрактичен.

Денеска, повеќе од било која е потребен добар дизајн за функционалност, добросостојба и одржување на менталното здравје. Она што може да се забележи е дека дизајнерските трендови се’ повеќе внимание им даваат на потребите во однос на другите фактори. Добра вест во сето ова е што не ни се потребни многу пари за стратешки да се дизајнира домот.

Помалку е ПОВЕЌЕ:

Кога поминуваме многу време во домот, тој мора да биде нашето мирно пристаниште, место каде се чувствуваме сигурно и спокојно. Неговото уредување треба истовремено да не инспирира, забавува и смирува. Во тој поглед, намалувањето на „хаосот во домот“ е клучно за истиот да биде исполнет со хармонија. Неопходно е да се окружиме со работи кои ги сакаме и да се ослободиме од се’ она што не „гуши“.

Работа од ДОМА:

Во светот кој постојано се менува, многумина се обидуваат да го следат и да се прилагодат на работа од дома, при тоа почитувајќи ги сите претходно договорени рокови. Сепак, сега имаме можност да се вратиме чекор наназад и да размилиме за тоа што го прави нашиот работен простор продуктивен. Дали е тоа удобната фотелја или деловите од работниот простор кои истовремено делуваат стилски и функционално? Мултифункционалните работни маси секако се идеја за која вреди да се размислува, како и мебелот со склоплива функција кога не се користи.

Просторот како УТЕХА:

Во денешниот свет кој е исполнет со неизвесност, на луѓето им е неопходно да се опкружат со работи кои им даваат утеха. Со оглед на тоа што во моментов нема каде да „бегаме“ (на одмор и во опуштени посети на блиските и пријателите), ни останува истото да го направиме (барем) психички. Природниот простор може да не направи помалку напнати во текот на денот, ако може барем во мислите да не поврзе со планините, шумите и секако со морето.

imageШто е современ дом?
Едноставно кажано, современите домови ја одразуваат денешната архитектура. Модерната архитектура се однесува на стилот кој е популаризиран од 1920-тите до 1950-тите години од минатиот век, кој ги прифати чистите линии и остриот минимализам. Современата архитектура го надградува ова за да се дефинираат архитектонските стилови на 21. век, кои постојано се развиваат.

Најголемиот дел од современите домови имаат модерен печат, со дизајнерски потези од постмодернизмот и деконструктивизмот. Градежните материјали се подеднакво важни како и конечниот производ. Во современите домови, скоро без исклучок, се нагласува користењето на природни и одржливи градежни материјали.

OhridPress во соработка со HOME4U Ви презентираат како со инспирација, преку идеја и изведба можете да стигнете до совршениот дом од соништата. Дел од секој дом се висококвалитетните плочести материјали и оков за изработка на мебел од познати светски производители (EGGER, KESSEBOHMER, VIEFE и EMUCA). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука