ноември 11, 2020

Охрид, 11. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид беше дел од глобалниот проект за подигање на свеста за климатските промени „Climate Action Project“, во кој учествуваа повеќе од 2,6 милиони студенти и ученици од 135 земји.

Климатските промени се реалност, а образованието е клучно за да поттикнеме и внесеме промена во размислувањето и однесувањето на учениците, велат од училиштето.

– Проектот беше поддржан од председателот Стево Пендаровски и многу светски познати научници, јавни личности, влади и организации (Jane Goodall, експерти од WWF, NASA и UN). И покрај предизвиците од COVID-19, интернет комуникацијата и пристапот до технологијата и ресурсите за реализација, Climate Action Project успешно се реализираше под раководство на наставниците: Виолета Петковска, Татјана Лошкоска, Силвана Кртеска и Јованка Анѓелкоска, додаваат од „Кочо Рацин“.

Учениците во текот на шест недели ги истражуваа причините и ефектите од климатските промени, дискутираа, создаваа и се обидуваа да најдат решенија за проблемите. Се приклучија и на виртуелна средба со учесници од Бразил пред кои ги презентирале убавините на Охрид и Охридското Езеро, дел од еколошките проблеми и се дискутирало за можните решенија за намалување на ефектите од климатските промени.

Нема достапен опис

На 5-ти ноември се одржа настанот Climate Action Day, на кој учествуваа ученици од цел свет, споделувајќи ги своите размислувања и решенија за климатските промени. Имаше ексклузивни интервуја со DrJane Goodall и претседателот Juan Manuel Santos кои одговаа на прашањата на учениците.Sam Barratt и Dan Shephard од UN, Matt Larsen-Daw и Fernanda Carvalho од WWF, Dr. Rick Davis од NASA ги споделија своите мислења и искуства за животната средина и универзумот, а младата активистка Vanessa Nakate и белгиската принцезата Esmeralda се вклучија во инспиративен разговор за образованието на девојчињата како решение за климатските промени. Свое обраќање имаше и македонскиот претседател Стево Пендароски кој ја истакна важноста на образованието за климатските промени.

– Образованието е клучно за промена на однесувањето и размислувањето на учениците за општеството. Треба да разбереме дека учениците можат да направат многу повеќе од меморирање на факти за клима и животната средина. Тие имаат капацитет за реални решенија и преземање на активности за подобар свет, истакна основачот на Climate Action Project, Коен Тимерс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука