Охрид, 23. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Младата пијанистка Ана Кузмановска од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид, од класата на професорката Ана Крстаноска, освои Прва специјална награда на Меѓународниот натпревар „Млади таленти“ 2020 што се одржа во Скопје.
Натпреварот се одржа по повод 75 годишнината од формирањето на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
На натпреварот учествуваа ученици од основно и средно образование во повеќе дисциплини и категории. Нивните настапи беа оценувани од страна на стручна жири комисија составена од еминентни мизички педагози од земјава и странство, соопштија од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 3