Охрид, 21. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна второто полугодие за учениците во основните и средните училишта во Република Македонија.
Наставата ќе се изведува по хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, соопштија од Министерството за обраование и наука (МОН).
– Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел. Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, рече министерката за образование Мила Царовска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива