јануари 28, 2021

Њујорк, 28. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на коронавирусот што ги предизвикува COVID-19, англискиот и јужноафриканскиот сој, се вели во денешното соопштение на двете компании.

– Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите соеви, наведуваат двете компании.

Тие додадоа дека „ќе продолжат да ги следат новите соеви“ и дека се „подготвени да реагираат“ доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука