февруари 8, 2021

Гостивар/Охрид, 8. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сторијата за младите планинари на порталот Gostivarpress, вклучени во планинарската школа на лиценцираниот водич од Гостивар, Исмет Шурбан, го поттикна охридскиот хотелиер Муса Рашид, сопственик на комплексот „Мизо“ да им приреди пријатно изненадување.

На целата група деца и водичот Рашид им подарува бесплатен викенд во Охрид, воодушевен од љубовта кон планините на младоте гостиварци.

– За сите планинари ќе биде обезбедено сместување, оброци и организиран превоз до кое место ќе посакаат. Вистинско задоволство е да придонесеме младите да се дружат со природата, изјавил Рашид за порталот.

Комплетната вест на Gostivarpress ОВДЕ. (Крај)

извор: Gostivarpress фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука