февруари 24, 2021

Скопје, 24. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Учебната година ќе заврши како што и започна, според хибридниот модел на настава изјави министерката за образование, Мила Царовска.

– Хибридниот модел е стабилен и до денес нема никакви помествувања во континуитетот на одржување на образовниот процес, но и во заштитата на здравјето и на учениците и на наставниците, а со тоа и на јавното здравје. Тоа укажува дека изборот што нашата држава го направи за овој хибриден модел на настава покажа успех и за регионот, а можам да кажам и во светот. Затоа ние, Комисијата за заразни болести и министерствата за образование и за здравство, одлучивме и второто полугодие да го почнеме на ист начин како што го завришивме првото. Сé додека нема друга промена на ситуацијата, дотогаш остануваме на истиот модел, рече Царовска.

Наставата во училиштата низ Македонија се одвива онлајн за основците и средношколците, освен за учениците до трето одделение и за ученици во помали училишта, главно подрачни и во рурални средини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука