јануари 29, 2015

Скопје, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Скопје ќе се организира дружба со Владо Георгиев, балканскиот музичар, кој на 14-ти февруари ќе одржи голем концерт во СЦ „Борис Трајковски”.

Дружењето со обожавателите е закажано за утре во Скопје Сити Мол, со почеток во 19:30 часот. Сите фанови ќе имаат можност да се фотографираат со него и добијат автограм, а ексклузивно и предконцертно, Владо Георгиев ќе изведе дел од неговите најголеми хитови за присутните, како благодарност за поддршката која му ја даваат низ годините. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука