март 16, 2021

Лос Анџелес, 16. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Церемонијата за најпрестижното, или подобро, најкомерцијалното филмско остварување, ќе се одржи годинава на 25-ти април.

Номинациите за Оскар 2021 донесоа некои изненадувања и позитивни исклучоци.

Првпат во историјата на Оскарите две режисерки, Клои Жао за „Nomadland“ и Емералд Фенел за „Promising Young Woman“ се најдоа во трката за наградата за „најдобар филм“, но и „најдобра режија“. Поприлично голем број на афро-американски актери оправдано влегоа помеѓу номинираните и може да се каже дека оваа година диверзитетот преовладува на најплеменит можен начин.

Од регионот филмското остварување на Јасмина Жбаниќ, „Quo vadis, Aida“ се најде во категоријата за „најдобар странски филм“.

Најголемото изненадување, во однос на бројноста на номинациите, но не и во однос на квалитетот на филмот и потенцијалната доминација на Оскарите, е филмот „Mank“ на Дејвид Финчер. Ова парче уметност е номинирано 10 пати во различни категории.

Целата листа на номинации ТУКА.

извор: ММС/variety.com фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука