јануари 29, 2015

Мадрид, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во четвртфиналето на купот на кралот фудбалерите на Барселона го елиминира Атлетико Мадрид од ова натпреварување.

Барселона во реваншот на „Винсенте Калдерон“ победи со 3-2 и со предноста од 1-0 од првиот натпревар конечниот резултат беше 4-2 за каталонскиот клуб.

Натпреварот помина со многу груба игра и со остри стартови и провокации од двете страни.

Атлетико Мадрид во 43-таминута остана без Габи кој заработи црвен картон а во финишот на мечот остана и без Марио Суарез кој го доби вториот жолт картон. (Крај)

извор: Спорт ТА фото:Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука