април 12, 2021

Москва, 12. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уставен амандман со кој во Русија се забрануваат истополови бракови, како и посвојување деца од страна на истополови брачни парови.

Путин сака со измените на Уставот бракот да биде дефиниран како заедница на маж и жена.

Истополовите бракови сега се нелегални во Русија и потпишувањето на уставниот амандман ги отежнува шансите за истополови бракови некогаш да добијат шанса за рамноправност со хетеросексуалните двојки.

Исто така, ова значи дека на ЛГБТ заедницата ѝ е забрането посвојување на деца. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука