април 23, 2021

Шерпа, 23. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Неколку недели по официјалното отворање на сезонта за искачување на Монт Еверест, беше потврден првиот случај на зараза со коронавирус на највисокиот врв на светот.

Норвежанецот Ерланд Нес е првиот алпинист позитивен на COVID-19, кој помина осум ноќи изолирано во болницата. Медиумите известуваат дека позитивен е и локален жител од Шерпа, кој бил со него на експедицијата.

Нес не е сигурен како се заразил, но тој посочил како тоа можело да се случи во една од локалните чајџилници во долината Кумбу.

Тој за Би-Би-Си изјави дека можел да стори повеќе за да се заштити, како што се миење раце и носење маска цел ден.

– Малкумина носеа маски на својот пешачење до Еверест, рече Норвежанецот, кој шест дена се чувствуваше лошо на планината, по што беше евакуиран со хеликоптер на 15-ти април.

Појавата на вирусот може да нанесе голем удар врз економијата на Непал, која многу се потпира на приходите генерирани од експедициите на Еверест.

Властите во Непал го затворија Монт Еверест поради коронавирусот, а експедициите на најпознатата планина во светот не беа дозволени минатата сезона.

Секој што патува во Непал оваа година, мора да достави негативен тест за коронавирус, кој не смее да биде постар од 72 часа. (Крај)

извор: Точка фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука