мај 5, 2021

Белград, 5. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека сите кои ќе се вакцинираат или веќе се вакцинираа ќе добијат дополнителна парична помош.

Целта е да ги стимулира тие кои се одговорни прво кон своето, а потоа и кон здравјето на најблиските.

Вакцинираните ќе добијат еднократно по 3.000 динари.

– На ваков начин сакаме да дојдеме до колективен имуниитет и да се посветиме на работата – вели Вучиќ. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука