мај 13, 2021

Охрид, 13. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од проектот „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука (МОН), утре во Охрид ќе се одржи отворен ден за промоција на стручното образование во стручните општински училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Во рамки на отворениот ден, предвидена е посета на министерката за образование во Владата на Република Македонија Мила Царовска, која ќе изврши обиколка на пунктовите во двете училишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука