јуни 8, 2021

Њујорк, 8 јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Основачот на Амазон Џеф Безос ќе лета во вселената следниот месец заедно со својот брат, во првиот вселенски лет на неговата ракетна компанија Blue Origin, соопштил милијардерот.

– Уште на 5 години сонував за патување во вселената и на 20 јули ќе тргнам на тој пат со својот брат,  соопштил Безос на Инстаграм.

Компанијата Blue Origin во минатиот месец го затвори првиот круг за пријава и примила повеќе од 5.200 понуди од 136 земји, соопшти компанијата, но не објави повеќе детали.

Во моментов најголема понуда во втората рунда пријави за летот изнесува 2,8 милиони долари, пишува на сајтот на компанијата.

Процесот ќе трае до 10 јуни, а завршната фаза ќе биде затворена на 12 јуни.

Компанијата планира на 20 јули да го објави првиот подорбитален лет со својот вселенски брод, што ќе претставува пресвртница во натпреварот да се објави првото приватно комерцијално вселенско патување.

Ројтерс во 2018 година пренесе дека Blue Origin планира на патниците да им наплатува најмалку 200.000 долари за ова патување, врз основа на плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на компанијата Virgin galactic. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука