септември 1, 2021

Белчишта, 1. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со многу насмевки и убави желби, денеска започна учебната година во ООУ „Дебрца“.

Традиционално, највесели беа првачињата, на кои добредојде им посакаа наставниците со порака дека денеска за нив започнува најубавото патување, патување на кое ќе другаруваат со буквите и бројките и на кое ќе запознаат нови пријатели.

– Наставниците ќе ви подарат знаење и љубов кон освојувањето нови светови со книгите, а пријателите ќе бидат дел од вашите животи и кога ќе ги напуштите училишните клупи. Нека потечат слободно солзи радосници кај гордите родители, кои сега се сеќаваат на својот прв училиштен ден, нека засјае слободно насмевка на лицата на бабите и дедовците, кои пак ќе го минуваат патот кој еднаш го врвеле со своите деца и сега со своите внучиња, нека почне да тече брзата река на знаењето низ милозвучните зборови на вашите први наставници, бидејќи, драги првачиња, нив ќе ги памтите цел живот, порачаа од ООУ „Дебрца“.

May be an image of 3 people, child, people standing and indoor

Како и секоја учебна година, така и оваа првачињата го започнаа и со подароци, односно донација на училишен прибор од страна на градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески во име на фондацијата „Капинков“ од Австралија. (Крај)

извор: ООУДебрца фото: ООУ Дебрца

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука