септември 10, 2021

Скопје, 10. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Централниот регистар на Република Македонија ќе работи со продолжено работно време за поднесување на пријави за претстојните локални избори 2021 година.

Во недела, понеделник, вторник и среда, Централен регистар, односно Регионалните регистрациони канцеларии ќе работат со дежурства поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори.

Недела – 12.09.2021 – 08:00 до 16:00 часот
Понеделник – 13.09.2021 – 08:00 до 20:00 часот
Вторник – 14.09.2021 – 08:00 до 20:00 часот
Среда – 15.09.2021 – 08:00 до 20:00 часот

– За дополнителни информации можете да се обратите до соодветната Регионална регистрациона канцеларија, или да испратите e-mail преку контакт формата на Централен регистар, информираат од регистарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: vrabotuvanje.com

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука