септември 13, 2021

Белчишта, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ОО на СДСМ од Дебрца ја објавија листата со кандидати за советници на престојните локални избори.

– Во изминатиов период, низ една фер, демократска и транспарентна постапка, во координација со граѓаните и членството, ОО СДСМ Дебрца ја состави најдобрата понуда на чесни, изградени, докажани личности, социјалдемократи. Со голема чест и задоволство, пред Вас, граѓаните на Општина Дебрца ја претставуваме советничката листа на СДСМ. Ова е тимот кој на 17-ти октомври ќе го освои мнозинството гласови, ќе биде глас на народот, коректор на Градоначалникот и предводник на позитивни промени, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука