септември 13, 2021

Охрид, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – За претстојните локални избори се доставени четири кандидатури за прв човек на Охрид и 11 советнички листи, информираат за Супер радио и OhridPress од Општинската изборна комисија (ОИК).

– Има поднесено 4 кандидатури за градоначалник на општина Охрид, а од 11-те советнички листи што пристигнаа кај нас три се независни листи, три се поднесени од коалиции и пет се од политички партии, информира Антигона Сионов од ОИК Охрид.

Откако општинската изборна комисија официјално ќе ги потврди кандидатурите и тоа најдоцна до 18-ти септември, листите се доставуваат до Државната изборна комиисја (ДИК) за да биде извршено ждребување за редоследот на гласачкото ливче, постапка што треба да се одржи најдоцна до 23-ти септември. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини.

Изборната кампања за првиот круг од локалните избори започнува на 27-ми септември и ќе трае до 15-ти октомври на полноќ.

На овие избори првпат во земјата ќе се користат терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука