јануари 30, 2015

Скопје, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви февруари во 12:00 во Паркот на Новинарите, е збирното место и почетокот на рутата на маршот против загадувањето на воздухот.

Крајот на рутата е кружниот тек кај Католичка црква т.е. кај АМСМ.

– Облечете се во темни бои, како и смогот кој не` гуши, земете со себе транспаренти со пораки за почист воздух и секако (гас)маска. Дојде време да мораме да маршираме за да го имаме она што бесплатно сите не` следува. Нека овој марш биде што помасовен за да го привлече вниманието на надлежните органи, а до тогаш ние ќе маршираме прашувајќи „Кој е крив што градот ни’ е сив?“, повикуваат организаторите на маршот.

Од ден на ден, во Скопје нивото на ПМ10 честичките расте се повеќе и повеќе, обојувајќи го градот во сиво. Секои 10µg/m3 ПМ10 честици го зголемуваат ризикот за рак на бели дробови за дури 22% , а во Скопје нивото на овие честици достигна дури и до 700µg/m3 . Дозволеното ниво на овие честички изнесува максимум 50µg/m3 . (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука