септември 26, 2021

Охрид, 26. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Григор Прличев“ од Охрид, со организирање на спортско-рекреативни игри се приклучи кон одбележувањето на Европскиот ден на спорт во училиштата.

– Целта на овој ден е промовирање и усвојување на здрави навики кај децата, подобра емоционална состојба по пандемијата со Covid-19, како и исполнување на потребата за другарување и социјализација. На европско ниво организатор и покровител е ЕУ, Европска федерација на спортски педагози и Унгарската Федерација на училишен спорт, а национален координатор на проектот веќе две години по ред е Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија, информираат од ООУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ООУ „Григор Прличев“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука