Охрид, 28. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми септември 2021 година, СВР Охрид и Основното училиште „Григор Прличев“ ја реализираа сообраќајната превентивна кампања „Безбедно дете“.
– Притоа, на 120 ученици од шесто одделение им беа објаснети сообраќајните правила и прописи за безбедно движење и управување велосипед низ сообраќајниците, по што тие возеа велосипед и практично ја совладуваа теоретската настава, информираат од СВР Охрид.
Додаваат дека целта на кампањата е едукација на најмладите од областа на сообраќајот и доследна примена на сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: СВР Охрид
Прочитано: 3