октомври 5, 2021

Скопје, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за образование и наука Мила Царовска им го честита  Светскиот ден на учителот – 5-ти октомври на просветните работници искажувајќи им благодарност за посветеноста и трудот вложен во тешките услови за настава во изминатата една и пол година.

– Денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на наставниците, искажувам неизмерна благодарност до сите просветни работници за посветеноста и несебичниот труд којшто го вложија во исклучително тешки учебни години во услови на пандемија и ни овозможија да имаме континуитет во образовниот процес. Храбро одговоривте и на позитивните промени што ги воведуваме за поквалитетно и современо образование, притоа брзо прилагодувајќи се на новите наставни програми и дигиталните учебници. Одиме напред кон новите предизвици со кои сите заеднички ќе направиме образовен систем кој ќе ни биде национална гордост, напиша Царовска на својот фејсбук-профил. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука