октомври 6, 2021

Битола/Охрид, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – На последната седница на Универзитетскиот сенат, Емилија Баткоска, студент во втора година на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е избрана за в.д. Студентски правобранител на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

Одлуката за избор на Баткоска доаѓа на предлог од Универзитетското студентско собрание, по констатираниот предвремен престанок на мандатот на претходниот Студентски правобранител на УКЛО, Бојан Петровски, по неговото дипломирање и губење на статусот редовен студент. (Крај)

извор: Bitolanews фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука