октомври 7, 2021

Скопје, 7. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални.

– Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување – рече Царовска.

Таа додаде дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците апелирајќи да се користат дигиталните верзии.

Царовска повтори дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече. тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.

– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални улчебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење – истакна  Царовска.

Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки.

– За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6500 од вкупно 10.000 набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред освен оние коишто немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени – додаде министерката. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука