октомври 8, 2021

Охрид, 8. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 4-ти до 9-ти октомври Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е домаќин на група професори од колеџот Жесе де Форе од Авен сур Елп, Република Франција и Голвеј-Мајо, Tехнолошки институт од Република Ирска.

Делегацијата од француските и ирските гости предводена од доц. д-р Климент Наумов од ФТУ, оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, на која што се разгледани можностите за унапредување на соработката во насока на промоција на гастрономијата.

Трилатералната соработка меѓу високообразовните институции започната во 2017 година, продолжува во насока на дефинирање идни проекти и современи облици на соработка со размена на студенти и академски кадар, благодарение на вклученоста на шеф Кристоф Доверњ, член на француската кулинарска академија, основач и сосопственик на познатиот гастрономски портал 750 g.

Гостите од Франција и Ирска ги придружуваше почесниот конзул на Република Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: УКЛО

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука