октомври 22, 2021

Скопје, 22. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.209 тестирања, при што се регистрирани 411 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 198
• Куманово 40
• Штип 19
• Велес 18
• Кавадарци и Кочани по 16
• Прилеп 15
• Битола 13
• Крива Паланка 10
• Тетово и Радовиш по 7
• Струга 6
• Струмица и Пробиштип по 5
• Гевгелија, Неготино и Ресен по 4
• Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица по 3
• Валандово и Демир Хисар по 2
• Делчево и Виница по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82 и 65 години), и по едно починато лице од Куманово (74 години) и Пробиштип (39 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Регистрирани сe 271 оздравен пациент од:

• Скопје 120
• Куманово 22
• Велес 15
• Крива Паланка 14
• Битола 12
• Штип и Тетово по 11
• Кичево 10
• Кочани и Прилеп по 8
• Кавадарци и Кратово по 7
• Струмица 6
• Гевгелија 5
• Неготино и Свети Николе по 3
• Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод по 1

Направени се 3.209 тестови преку: ИЈЗ 254, ЦЈЗ Скопје 84, ЦЈЗ Битола 69, ЦЈЗ Прилеп 64, ЦЈЗ Тетово 54, ЦЈЗ Куманово 46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 3, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември 0, Институт за микробиологија 163, Жан Митрев (Филип Втори) 56, Авицена 115, Биотек 136, Систина 67, лабораторија Лаор 162, Синлаб 19, Ремедика 13, Плодност 22, Генеа 35, Никоб лаб 386, ВФВ Медикал 32, Ели Медика 54, Ројал Медика 8, Спектра ММ 1, Рапид Лаб 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.366.

Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука