октомври 27, 2021

Охрид, 27. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – По повод 63 години од постоењето на НП „Галичица“, беа одржани две работилници под наслов „Чудесниот свет на безрбетниците“.

На работилниците присуствуваа ученици од ОУ „Григор Прличев” – Охрид и ОУ „Браќа Миладиновци – Царев Двор, Ресен, а беа реализирани во Инфо центар – Охрид и Инфо центар – Стење.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и внатре

– Нашите млади биолози имаа можност да се запознаат со разни видови на безрбетници кои живеат на копно и во вода, да научат за нивната градба, животен циклус и начин на живот.Научивме за начинот на нивно колекционирање, а исто така ги набљудувавме и нивните карактеристики со помош на бинокулар. Учениците дадоа оцена 10 плус што на наша огромна радост знаеме дека ова нема да ни биде наша последна дружба.Огромна благодарност до наставничките Николина Србакоска Трпоска и Весна Николовска кои без размислување се приклучија на работилницата, велат од НП „Галичица“.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре

Националниот парк „Галичица“ е препознатлив по својата богата и ретка природа и неповторлива убавина. Во 1958 година е прогласен за национален парк со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО.

Вљубениците во природата, па и оние кои не се во можност да го посетат НП „Галичица“, може да ја искусат невидената убавина на паркот на едноставен начин, преку мобилната апликација „National Park Galicica“, каде се достапни најважните информации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука