октомври 30, 2021

Охрид, 30. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, изминатите 10 дена, во Охрид се регистрирани 721 новозаболено лице од Covid-19.

Во истиот период болеста ја победија 74, а починаа 3 лица.

Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

– Вкупно се аплицирани 1.605.913 дози вакцини, а ревакцинирани се 774.464 граѓани, трета доза вкупно примиле 27.298 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.797 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 734 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 3.187 граѓани. 57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина, 46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини, 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина, 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини, а 54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука