октомври 31, 2021

Скопје, 31. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.754 тестирања, при што се регистрирани 349 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 166
• Куманово 23
• Штип 22
• Прилеп 18
• Битола 17
• Кочани 16
• Кавадарци 13
• Тетово 11
• Велес и Охрид по 10
• Свети Николе 9
• Неготино 8
• Берово и Пробиштип по 4
• Гевгелија и Демир Хисар по 3
• Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево по 2
• Гостивар, Струга, Ресен и Виница по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (51, 64 и 85 години), по 2 починати лица од Штип (64 и 75 години) и Свети Николе (66 и 82 години) и по едно починато лице од Куманово (43 години), Битола (60 години), Радовиш (75 години), Струмица (68 години) и Дојран (62 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 208 оздравени пациент од:

• Скопје 90
• Охрид 37
• Куманово 17
• Штип 13
• Велес 10
• Битола 9
• Кавадарци 7
• Крива Паланка 5
• Неготино 4
• Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш по 3
• Пробиштип и Кичево по 2

Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука