ноември 2, 2021

Скопје, 2. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.391 тестирања, при што се регистрирани 593 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 272
• Куманово и Прилеп по 39
• Битола 38
• Велес 27
• Кавадарци 25
• Кочани 22
• Крива Паланка 21
• Тетово 20
• Штип 15
• Кичево 10
• Неготино и Пробиштип по 8
• Кратово 7
• Радовиш и Делчево по 6, Демир Хисар – 5
• Берово и Валандово по 4
• Гостивар и Гевгелија по 3
• Струмица и Крушево по 2
• Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70, 71, 84 и 85 години), по едно починато лице од Гостивар (77 години), Кавадарци (81 години), Прилеп (83 години), Охрид (81 години), Кочани (72 години) и Штип (78 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-199 од „Мој Термин“, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 415 оздравени пациент од:

• Скопје 253
• Прилеп 23
• Куманово 21
• Велес 19
• Тетово 12
• Кочани 11
• Крива Паланка, Штип и Пробиштип по 9
• Кавадарци и Струмица по 8
• Свети Николе 6
• Богданци 5
• Битола и Радовиш по 4
• Неготино 3
• Гевгелија и Виница по 2
• Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука