ноември 4, 2021

Охрид, 4. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Проект на д-р Лидија Велкова-Јорданоска од Хидробиолошкиот завод од Охрид ќе биде финансиран од министерството за образование и наука (МОН).

Проектот „Еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато“ се најде меѓу седумте позитивно оценети проекти за финансирање по Конкурсот за распределба на средства за финансирање научно-истражувачки проекти на јавните научни установи за оваа година.

Нема достапен опис

На ранг листата се најдоа и проекти на Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за старословенска култура од Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука