ноември 4, 2021

Скопје/Охрид, 4. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 1.624.729 дози вакцини, а ревакцинирани се 778.482 граѓани, трета доза вкупно примиле 38.719 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 3.838 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 758 раѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 2.293 граѓани. 57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 39% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 37% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука