ноември 4, 2021

Скопје, 4. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.029 тестирања, при што се регистрирани 550 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 214
• Битола 58
• Куманово 30
• Кавадарци 27
• Велес 26
• Тетово 23
• Штип 22
• Прилеп 19
• Кочани 18
• Крива Паланка 15
• Пробиштип 11
• Кичево 9
• Струмица и Неготино по 8
• Гевгелија, Радовиш и Кратово по 7
• Берово и Крушево по 6
• Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар по 5
• Валандово 4
• Струга и Македонска Каменица по 2
• Богданци 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32, 70, 70, 87 и 88 години), 2 лица од Куманово (75 и 86 години) и по едно починато лице од Велес (64 години), Крива Паланка (69 години), Струмица (63 години), Кочани (87 години) и Тетово (85 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово (1), Битола (1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови, а 3 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 390 оздравени пациент од:

• Скопје 167
• Куманово 45
• Велес 27
• Кавадарци 21
• Тетово и Штип по 16
• Кочани 15
• Прилеп, Битола, Охрид и Струмица по 10
• Гевгелија 7
• Свети Николе и Крива Паланка по 5
• Кичево, Струга и Валандово по 4
• Радовиш, Виница и Кратово по 3
• Неготино и Богданци по 2
• Пробиштип 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.396.992 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука