ноември 5, 2021

Охрид, 5. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Преку проектите на четири наставнички, ОУ „Братство Единство“ доби „Европска ознака за квалитет“.

Фахрије Реџеп, Сезен Тајип, Бејза Шашко и Ајнет Пашо Офламаз учествуваа со нивните Е- твининг проекти за кои ја добија наградата „Европска ознака за квалитет“, наменета за училишта во Европа.

– Проектите вклучуваат ученици на возраст од 7 до 14 години. Имаат за цел учениците да учат да читаат и пишуваат, да се применуваат забавни семејни активности и да се применат симпатичните и функционалните аспекти на природните и општествените науки. Исто така, проектите имаат за цел да им покажат на децата како да се забавуваат додека учат нови информации и ги поминуваат лекциите попродуктивно, велат од ОУ „Братство Единство“.

Додаваат дека на овој начин учениците учат колку е важно да се биде дел од тимот и да се подобруваат себеси преку стекнување партнери од различни училишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука