ноември 6, 2021

Скопје, 6. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.501 тестирања, при што се регистрирани 601 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 217
• Битола 68
• Велес 34
• Кавадарци и Куманово по 31
• Прилеп и Штип по 28
• Крива Паланка 18
• Кочани и Тетово по 17
• Гевгелија 16
• Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш по 10
• Берово 9
• Неготино 8
• Македонска Каменица и Ресен по 5
• Богданци, Виница и Гостивар по 4
• Кратово, Пробиштип и Струмица по 3
• Демир Хисар, Крушево и Свети Николе по 2
• Македонски Брод и Струга по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72 и 81 години), Куманово (60 и 89 години) и Кочани (64 и 72 години), и едно починато лице од Кавадарци (78 години), Демир Хисар (75 години), Битола (68 години), Крива Паланка (58 години), Велес (73 години), Неготино (45 години), и Виница (78 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 304 оздравени пациент од:

• Скопје 141
• Куманово 26
• Велес 16
• Прилеп и Кавадарци по 15
• Битола и Штип по 14
• Охрид 10
• Тетово и Кочани по 7
• Пробиштип 6
• Свети Николе 5
• Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево 4
• Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар по 2
• Гостивар, Ресен, Виница и Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука