ноември 8, 2021

Охрид, 8. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во првите седум дена од овој месец, во Охрид се регистрирани 48 новозаболени од COVID-19.

Во истиот период оздравена 21, а почина еден пациент. Моментално во градов активни на вирусот се 213 случаи.
Заклучно со 31-ви октомври, во Охрид со две дози вакцина против COVID-19 се имунизирани 60,6% од населението над 12 години.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) градов и натаму е меѓу „шампионите“ во однос на опфат на населението со вакцинација и е веднаш зад Неготино и Кавадарци.

Во градов, како и на државно ниво забележлив е голем интерес за примање трета доза вакцина. Националниот комитет за имунизација препорача граѓаните што примиле прва и втора доза од вакцините на кинеските производители „Синофарм“ или „Синовак“ ќе може да примат трета „бустер“ доза после три месеци по прием на втората доза. Оние пак кои се имунизирани со друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да прими после поминати шест месеци од ревакцинацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука