ноември 11, 2021

Охрид, 11. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се реновира и реконструира ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид.

Министерството за образование и наука (МОН) склучи договор со градежната фирма „Бауер БГ“ за реконструкција/рехабилитација на државното училиште регионален центар за средно стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Во описот на договорот за јавна набавка стои работи за реновирање и реконструирање. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 108.013.319 денари или над 1,7 милиони евра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука