ноември 12, 2021

Охрид, 12. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со поддршка на локалната самоуправа граѓаните на Охрид ќе можат да посетуваат бесплатни курсеви за учење англиски, албански и турски јазик.

Обуката ќе се спроведува во Работничкиот универзитет – ОЈУ „Кузман Шапкарев“, а право на бесплатен курс има секој заинтересиран граѓанин на Охрид кој досега немал посетувано таков курс, јави МИА.

Од ОЈУ „Кузман Шапкарев“ појаснуваат дека за да се одржи курсот е потребно да има формирано група заинтересирани од најмалку пет кандидати. Пријавувањето трае до 18-ти овој месец, самите курсеви е предвидено да траат 60 часа. Од понеделник почнува курсот по германски јазик за кој веќе има формирано група.

Инаку, во рамки на Работничкиот универзитет во тек е оформување и на група за обука за сметководство и за физикална терапија. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука