ноември 18, 2021

Охрид, 18. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Врачен договорот за финансирање на Проект на охридскиот Хидробиолошки завод.

Проектот „Еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато“ на д-р Лидија Велкова-Јорданоска се најде меѓу седумте позитивно оценети проекти за финансирање по Конкурсот на министерството за образование и наука за распределба на средства за финансирање научно-истражувачки проекти на јавните научни установи за оваа година.

– Ви посакувам успешна и плодна работа во следните три години, од која, верувам, ќе произлезат многу заклучоци со кои ќе се збогати нашата наука, но и ќе влијаат на сочувувањето на природните, културните и историските вредности во Република Македонија. Враќањето на финансиска поддршка за научно истражувачки проекти по цела една деценија ја покажува грижата на оваа Влада и на Министерството за развојот на домашната научна мисла, затоа што сме свесни за нејзиното стратешко значење и придонес во целокупниот развој на државата, рече министерката Мила Царовска по доделувањето на договорите.

Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре

Во следните три три години ќе се работат истражувања поврзани со зачувување на животната средина и природните богатство на Белчишко блато.

Директорите и претставниците на јавните научни установи и институти кои присуствуваа на свеченото врачување на договорите изразија огромно задоволство што МОН по долг временски период обезбедува средства од државата за проекти од нивната научно-истражувачка работа. Тие посочија дека ова е одлична база за поттикнување на истражувања кои ќе придонесат и ќе ја збогатат научната дејност во Република Македонија, но истовремено и ќе ја поттикнат државата континуирано да издвојува средства од Буџетот за науката.

Покрај ова уште еден проект охридскиот Хидробиолошки завод доби позитивна оценка за финансирање, согласно со Конкурсот за финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси). Станува збор за проектот „Развивање на метод за детекција на жива во различни матрикси од акватичните екосистеми“ на научниот соработник Елизабета Велјановска Сарафилоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука