ноември 20, 2021

Скопје, 20. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.859 тестирања, при што се регистрирани 449 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

· Скопје 195
· Битола 47
· Прилеп 19
· Кавадарци 18
· Берово 17
· Куманово 16
· Кочани 15
· Велес и Штип по 13
· Гевгелија 12
· Делчево 11
· Охрид 10
· Струмица 8
· Неготино 7
· Валандово 6
· Тетово, Радовиш и Ресен по 5
· Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар по 4
· Кичево и Богданци по 3
· Струга, Свети Николе и Македонска Каменица по 2
· Пробиштип, Демир Капија и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69, 76, 81 и 89 години), 2 од Прилеп (65 и 82 години), и по едно починато лице од Тетово (74 години), Битола (72 години), Охрид (33 години), Виница (66 години), и Демир Хисар (81 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, е пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021 година. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од:

· Скопје 125
· Берово 26
· Кавадарци 24
· Велес 19
· Битола 15
· Прилеп 13
· Штип и Гевгелија по 10
· Неготино и Кратово по 9
· Кочани 8
· Валандово и Тетово по 6
· Крива Паланка, Куманово и Струга по 5
· Струмица, Богданци и Пехчево по 4
· Делчево и Охрид по 3
· Крушево 2
· Пробиштип и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831, бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука