ноември 22, 2021

Охрид, 22. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс при Општинската организација на Црвен крст од Охрид на тема „Заедно за убав и хуман свет“ и освоија прво, второ место и пофалница.

– На литературниот конкурс учествуваа ученичката Андријана Огненоска од I-С клас која освои прва награда за најдобра поетска творба. Ученикот Никола Илиоски од III-1 клас освои пофалница за прозна творба. Овие ученици беа под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, Ирена Ралева Најдевска, вработена во нашиот училиштен центар, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Konkurs2  Konkurs7  Konkurs11

На ликовниот конкурс учествуваше ученичката Андријана Огненоска од I-С клас која освои прва награда за најдобра ликовна творба (техника мек молив).

– Ученикот Селмир Рамадан од I-A клас освои втора награда за ликовна творба (техника мек молив). Овие ученици беа под менторство на професорката по Ликовна уметност, Жанета Стаиќ Митреска, вработена во нашиот училиштен центар. Честитки за освоените награди и ви посакуваме уште многу, многу успеси во иднина, додаваат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Konkurs4   Konkurs3

Konkurs5  Konkurs6

извор: ОхридПрес фото: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука