ноември 22, 2021

Скопје, 22. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.179 тестирања, при што се регистрирани 155 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 113
• Кавадарци 8
• Куманово и Битола по 6
• Прилеп и Кочани по 4
• Ресен 3
• Охрид, Гевгелија и Неготино по 2
• Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84, 83, 72 и 69 години), по 3 починати лица од Скопје (68, 63 и 50 години), по 2 починати лица од Куманово (67 и 64 години) и по едно починато лице од Прилеп (50 години), Битола (68 години), Штип (69 години) и Крива Паланка (82 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:

• Скопје 161
• Битола 32
• Прилеп 30
• Кавадарци 29
• Кочани 20
• Куманово 17
• Тетово и Велес по 14
• Штип и Крива Паланка по 12
• Кратово 6
• Пробиштип и Демир Хисар по 5
• Охрид, Неготино и Делчево по 4
• Гостивар, Ресен и Македонска Каменица по 3
• Свети Николе и Берово по 2
• Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука