ноември 29, 2021

Скопје, 29. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На утрешната седница на Влада ќе се разгледа новиот предлог за стимулација на матичните лекари. 

Ќе биде предложено бонус од 30 денари по пациент, за матичните лекари, кога ќе надминат 70% на вакцинација од вкупниот број на пациенти кои се запишани кај нив. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека поголем дел од матичните позитивно се изјасниле во однос на мерката, во насока на што поголема вакцинација кај пациентите.

– Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се вакцинираат, рече Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука