декември 5, 2021

Охрид, 5. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на претходното деноноќие беа регистрирани нови 355 случаи на коронавирусот од направени 3.042 тестирања или 11,6 отсто, што е во рамките на просекот за време на викенд-деновите. Беа пријавени вкупно 15 починати лица, девет во претходните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“.

Најмногу активни има во Скопје и тоа 2.821, следи Битола со 553, Прилеп 336, Кавадарци 247, Охрид 222, Куманово 210. Во другите градови има под 200 активни случаи.

Евидентирани беа 2.308 оздравени пациенти, од кои 329 во претходното деноноќие, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот од 16.09 до 31.10.2021 година, информира Министерството за здравство. Со тоа, бројот на активни случаи од околу 8.000 падна на 6.000.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука